КИПАР
Авион / 8 дена / 7 ноќевања
КИПАР е островска држава во Средоземното море, каде влијанието на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се главна причина да на Кипар доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави...
Најголемото богатство на Кипар се небесните плажи на Средоземното Море со неодоливата кристално чиста вода. За плажите во Аја Напа се вели дека се најубавите на Кипар, но ако одите по целиот брег на островот од Пафос до Фамагуста, можете да бидете сигурни дека ниту една од нив нема да ве остави рамнодушни. Плажи на Кипар чии тиркизни води и ситни песоци се вистински хедонизам: Nissi beach, Lara beach, Makronisos beach, Paramali beach, Fiq Tree Bay beach...
1 ден / СКОПЈЕ–СОЛУН – КИПАР
Состанок на групата спроти хотел Бристол (на коцката). Трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнакa и организиран трансфер до хотелот во Аја Напа. Ноќевање.
2 - 7 ден / КИПАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности
8 ден / КИПАР– СОЛУН – СКОПЈЕ
Појадок.Одјавување од хотел и трансфер доаеродром. Слетување во Солун и трансфер до Скопје.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Трансфер до Солунскиот аеродром
- Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air
- Аеродромски такси
- Мала кабинска мека торба со димензии 40x30x20cm
- Трансфери аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел 3*/4* на база 7 ноќевањa со појадок
- Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
- Туристичка такса од 1.150МКД
- Патничко здравствено осигурување
- Можност за факултативни разгледи за време на престојот
НАПОМЕНA:
- Цената на аранжманот е изразена по лице, во двокревена соба.