КАРНЕВАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања


22.Февруари (сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 19:20 часот. Лет за Венеција W6 4751 во 21:20ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 23:05ч. Превоз до центарот на Местре (околина на Венеција). Сместување

во хотел. Ноќевање.


23.Февруари (недела) ВЕНЕЦИЈА 

Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.


Програма на карневалот:

09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко

16:30 – 17:00 ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко

11:00-13:00,15:00-19:00ч. Музика, Циркуски театри, Акробации и кловнови низ улиците на градот (S.Margherita, S.Giacomo, S.Geremia, S.Cassiano, Gesuiti, S.M.Formosa, Sant'Elena and Burano Galuppi Squares)

11:30; 14:30ч. Улични театарски претстави на плоштадот Свети Марко

12:00ч “Лет на ангелот“ од кулата- камбанаријата на Св.Марко


24.Февруари (понеделник) МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО

Појадок. Факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости најпознат е по изработка на Мурано стаклото од кое призведуваат накит, витражи, лустери, огледала, чинии, вазни... Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров... Во 13в Мурано било летувалаште на познатите аристократи кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка која до ден

денеска се изработува. Бурано е познат по шарените куќи кои го обиколуваат целиот остров секоја со различна боја од претходната, за да рибарите кои се враќале од риболов во темните ноќи можеле да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во Местре. Ноќевање. 


Програма на карневалот:

09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко

10:00 – 17:00ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко

15:00 ч. Карневал на островот Бурано


25.Февруари (вторник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно ден за индивидуални прошетки и шопинг низ Венеција и Местре. Вечерта во 20:00 трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје W6 4752 во 23:35ч. Пристигнување во Скопје после полноќ наредниот ден во 01:15 часот.


Програма на карневалот:

09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко

10:00 – 17:00 ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко


Цена на аранжманот: 379€

Цена во претпродажба: 329€

* Цената е дадена по лице за минимум 2 лица во соба.



Во цената на аранжманот е вкучено: 

- Авионски превоз на релација: Скопје - Венеција - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.

- Сместување во хотел Hotel Mondial *** во Венеција/Маргера, на база 3 ноќевања со појадок

- Панорамски разглед на градот Венеција со локален водич (доплата за јавен превоз Маргера -Венеција-Маргера)

- Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 8кг

- Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром - хотел - аеродром

- Здравствено - патничко осигурување

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено: 

- Туристичка такса: Хотел 3* - околу 2,4€ по лице / ноќевање

- Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело 45€ (превоз и водич на брод)

- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција

- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција

- Билети за јавен превоз со автобус или железница

- Влезници за културно-историските споменици

- Доплата 1/1 соба - 65€