Iberostar Selection Kantaoui Bay 5*

Локација: Хотелот се наоѓа на 12 км од градот Сус, а на 140 км од аеродромот во Тунис. Излегува на сопствена песочна плажа. Бил реновиран во 2015 година. Дел е од познат шпански ланец на хотели.


Соби: Хотелот располага со 358 соби, до кои се стигнува со 6 лифтови. Сите соби се климатизирани, имаат балкон, безжичен интернет (бесплатен), бањарка и влечки, фен, прибор за кафе и чај, мини бар (вода и освежителни пијалоци), LCD TV со сателитски канали, сеф – со доплата.


Содржини: Рецепција,главен ресторан, А`la Carte ресторан, 5 барови, мини клуб и игралиште. Безжичен интернет на рецепција, на јавните површини и во собите; пешкирите, лежалките на плажа и на базен, заедно со чадорите - се користат со депозит.

Спорт и забава: Надворешен базен со дел за деца, базен со лежалки во вода, лежалки, чадори и пешкири за на плажа и околу базен, билјард, пинг понг, пикадо, анимации, ватерполо, аква аеробик, СПА центар.

Плажа: Песочна хотелска плажа, со понуда за водени спортови и активности.


Web на хотелот: https://www.iberostar.com/eu/hotels/sousse/iberostar-kantaoui-bay/


Цените се однесуваат за 7 дневен аранжман за 2 лица. Имаме аранжмани за 7, 10, 11 и 14 дена како и различен тип на соби.

За понуда контактирајте не на info@labranda.mk или на +389 72 320 560.