ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА
Термини:
13 - 20.07.2025
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 02:25 часот. Лет за Палма де Мајорка во 04:25 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Палма де
Мајорка во 14:30 часот. Трансфер до хотелот.
20 - 27.07.2025
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Лет за Палма де Мајорка во 14:10 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Палма де
Мајорка во 17:50 часот. Трансфер до хотелот.
05 - 12.08.2025
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Лет за Палма де Мајорка во 14:10 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Палма де Мајорка во 17:50 часот. Трансфер до хотелот.
1 ден / СКОПЈЕ - ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во утринските часови, лет за Палма де Мајорка со едно преседнување. Пристигнување во Палма де
Мајорка попланде. Трансфер до хотелот. Слободен ден за одмор и индивиуални активности. Ноќевање.
2 – 7 ден / МАЈОРКА
Мајорка е најголемиот шпански остров кој се наоѓа во Балеарскиот архипелаг заедно со Ибица и Менорка. Мајорка има исклучително поволна клима со долги и суви лета. Исклучителната географска положба на островот му дава пријатната клима, бујна вегетација, како и чисто море со природни песочни плажи. Мајорка е остров на живи настани и омилена дестинација на трендсетерите. Претставува комбинација од денешната цивилизација и десетвековната историја. Ова е остров со огромни боровни шуми и карпести плажи на запад, прекрасни заливи на исток и долги песочни плажи на север и југ. Северот на Мајорка има прекрасни плажи, а ветерот што постојано дува е посебна атракција за сурферите. На јужната страна. плажите се покриени со бисерен песок и изгледаат речиси нереално.
Доколку случајно се најдете во девет часот навечер, на половина час југоисточно од главниот град, на плажата Ес Тренц, сигурно ќе го доживеете едно од најубавите зајдисонца.
8 ден / ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време до трансферот на аеродромот во Палма де Мајорка во претпладневните часови, лет за Скопје попладне со едно преседнување. Пристигнување во Скопје доцна навечер.
Цените се изразени во евра и се дадени по лице. 1€ = 62 МКД
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Палма де Мајорка - Скопје (со едно преседнување) со вклучени аеродромски такси.
- Рачна торба со димензии 10*30*40см
- Кабинска торба 55*40*23см до 8кг + чекиран багаж од 23кг
- Сместување во хотел по избор Riutort 3* (S’Arenal) или Nautica & Spa 4* (Can Pastilla), на база 7 ноќевања со појадок или полупансион / по избор
- Oрганизирани трансфери на Палма де Мајорка: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и локална асистенција
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено-патничко осигурување
- Туристичка такса: во хотел 3* или 4*, 5 - 7€ (по лице од ноќевање), се наплатува на рецепција
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
13.07.2025
20.07.2025
05.08.2025
ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ:
- Организиран панорамски разглед на Палма (приватен трансфер и локален водич) 25€ - 47€, во зависност од бројот на пријавени.
- Посета на Солер и Ваљдемоса (приватен трансфер и локален водич) 34€ - 65€, во зависност од бројот на пријавени.
- Посета на Пештерите Драх и Монте Кристо (приватен трансфер и локален водич) 44€ - 68€, во зависност од бројот на пријавени.
- Влезници за културно-историските споменици
Cathedral La Seu (Palma) 10,50€
Bellver Castle (Palma) 4,70€
Royal Charterhouse (Valldemossa) 12,90€
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- 35% при резервација
- 65% во рок од 22 дена пред реализација на аранжманот.