МИЛАНО, ЛУГАНО И КОМО
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
07 .03.2025 СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.15 часот. Авионот за Милано полетува во 20.20, слетува во 22.35 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.
08.03.2025 МИЛАНО
Појадок. Факултативно, разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети... Ноќевање.
09.03.2025 МИЛАНО–ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил по развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува во посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои
вили, а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, како што е Џејмс Бонд - Казино Ројал. Враќање во Милано.... Ноќевање.
10.03.2025 МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 23:15, а пристигнувањето во Скопје е во 01:20 часот после полноќ наредниот ден.
Цена на аранжманот за уплата до 22.12.2024: 469ЕУР
Редовна цена на аранжманот: 499ЕУР
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер до 10кг со димензии 40х30х20см)
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
- Сместување во Hotel Ibis Ca Granda 3* во центарот на Милано на база 3 ноќевања со појадок (за двокреветните соби)
- Сместување во Hotel Novotel Nord Ca Granda 4* во ценатрот на Милано на база 3 ноќевања со појадок (за трокреветни соби)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 5 дена пред поаѓање)
- Разглед на град со водич 20 евра
- Посета на Лугано и Комо 85 евра
- Туристичка такса 1.200 мкд (се плаќа во агенција)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 8.500 мкд
НАПОМЕНА:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 лица.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Агенцијата го задржува правото (во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично) да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.