МИЛАНО


Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор зa доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Витори Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет...о кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

 

26.01.2024 СКОПЈЕ МИЛАНО                                                                            

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17.50 часот. Авионот за Милано полетува во 19.50, слетува во 22.00 часот. Организиран трансфер од

аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.


27.01.2024 МИЛАНО

Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу не се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и

Америка. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети... Ноќевање.


28.01.2024 МИЛАНО– ЛУГАН- КОМО          

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил по развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува во посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои

вили, а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, како што е Џејмс Бонд - Казино Ројал. Враќање во Милано.... Ноќевање.


29.01.2024 МИЛАНО – СКОПЈЕ                                                           

 Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз.

Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 22.35, а пристигнувањето во Скопје е во 00.40 часот после полноќ.

За уплата до 24.12: 399€

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449€

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје

Аеродромски такси

Рачен багаж (торба/куфер до 10кг со димензии 40х30х20см)

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано

Сместување во хотел Leonardo Hotel Milan City Center 4* во Милано на база 3 ноќевања сo појадок 

Организирн разглед и прошетки во Милано според програмата

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА А АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж

Посеа на Лугано и Комо 80€

Туристичка такса 950 мкд  (се плаќа во агенција)

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Патничко– здравствено осигурување