НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО, КАН
07.03.2025 – 10.03.2025 | 3 ноќевања / 4 дена
Авионска програма со лет од/до Тирана ✈
Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот...
Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте
Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...
ПРОГРАМА
ЗАБЕЛЕШКИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот гозадржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
- Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спрптивно цената може да биде соодветно корегирана.
- Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задплжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
- За резервација задолжителна е уплата на аванс од 40% од вкупниот износ.
- За уплати на “early booking” потребна е уплата од 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосната доплата на аражманотсе врши 14 дена пред поаѓање.
- Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
- Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Валидноста на патните исправи е обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.