ПРАГА

30.aприл (вторник)      СКОПЈЕ – ПРАГА 

Состанок на групата на аеродромот во 02:25 часот рано наутро. Полетување за Прага во 04:25 ч. Пристигнување во 10:35 часот. Сместување во хотел и одмор. Попладневен пешачки панорамски пешачки разглед на градот со локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица. Трансфер до хотелот. Ноќевање.

01.мај (среда)      ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари – најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12–те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерно факултативно крстарење по В’лтава со вклучена вечера. Ноќевање.

02.мај (четврток)    ПРАГА – КУТНА ХОРА

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Кутна Хора. Кутна Хора е мал град во Централна Бохемија, околу 70 кm источно од Прага. Кутна Хора ја должел својата позиција и богатство на рудниците за сребро што биле основани таму во средниот век. На крајот на 13 век, приближно една третина од целото сребро произведено во Европа доаѓало од овој регион. Се посетува црквата Света Варвара (Chrám svaté Barbory) која е прекрасна готска црква од 14 век, а изградбата завршила дури во почетокот на 20 век. Света Варвара е заштитник на рударите, додека рудниците за сребро одиграле важна улога во историјата на градот. Посета на костурницата Седлец (Sedlecká kostnice) која е позната и како Црква на коските и дефинитивно не е типична туристичка атракција. Сепак, годишно ја посетуваат повеќе од 300.000 туристи. Она што ја прави костурницата толку уникатна е уметничката употреба на … човечки коски и черепи за создавање украси за капелата. Има венци и лустери направени од коски и черепи. Враќање во Прага. Слободно време за индивидуални активнсоти. Ноќевање.

03.мај (петок)      ПРАГА – ПИВАРНИЦА У ФЛЕКУ

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативна посета на пиварницата У Флеку. Една од најпознатите пиварници во Прага. Древната пиварница У Флеку, се користи за правење пиво повеќе од 500 години. Можете да видите бакарни тенџериња од 1937 година, во кои сè уште се приготвува пиво денес, како и уникатно ладно пиво. Современиот изглед на пиварницата е резултат на успешната реконструкција во 1986 година. Разгледот на пиварницата U Fleků трае приближно 45 минути и се состои од дегустација на пиво, кратко видео, објаснување за процесите на подготовка и историјат на пиварницата, и секако посета на визбата. Секој гостин добива и сувенир од пиварницата. По разгледот продолжуваме со вечера во ресторанот кој е дел од самата пивница.

04.мај (сабота)   ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:45ч. Пристигнување после полноќ на 05 Мај во 00:15 часот.

Цена на аранжманот: 435€

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Авионски превоз на релација: Скопје – Виена – Прага – Виена – Скопје

* Рачна торба со димензии 10*30*40см

* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.

– Аеродромски такси

– Трансфери во Прага: аеродром – хотел – аеродром

– Сместување во хотел Prague Centre Plaza ***, на база 4 ноќевања со појадок

– Туристичка такса во хотел од 2,1€ по лице од ден

– Организиран пешачки панорамски разглед на Прага

– Организација и реализација, придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Карти за јавен превоз (метро, автобус…)

– Трето лице до 5.99 год. (295 €)

– Трето лице над 6 год. (387 €)

– Доплата за 1/1 соба (150 €)

– Факултативни излети и посети:

* Кутна Хора, со вклучена влезница (60€)

* Карлови Вари (60€)

* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок (25-30€)

* Екскурзија и вечера во пиварница У Флеку (45€)

(предјадење, главно јадење и десерт, со вклучено една чаша пиво)

– Влезници за музеите и културно – историските споменици