✈️ ✈️ ✈️ АВИОНСКИ АРАНЖМАНИ ЗА СИЦИЛИЈА                                   

СИТЕ ТРИ ТЕРМИНИ СЕ РАСПРОДАДЕНИ.

8 Дена / 7 ноќевања / Авион

Сицилија е најголемиот остров во Средоземното Море, привлечен и сместен токму во неговото срце. Иако, неизбежно, првата асоцијација се однесува на некои организирани криминални групи на мафијата, овој остров со долга и богата историја, обдарен со разновидни природни убавини има да понуди многу повеќе. Од прекрасни плажи, добро вино, преку волшебни села и историски споменици -Сицилија никого не остава рамнодушен!

 

Марина ди Рагуза се наоѓа на листата на 5-те најубавите плажи на Сицилија! Марина ди Рагуза, се наоѓа на југоисточниот брег на Сицилија - вистински бисер меѓу туристичките дестинации и со право се наоѓа на листата на 5-те најубавите плажи на Сицилија. Оваа шармантна крајбрежна дестинација, позната по пространите златни плажи и кристално чистото море е идеално место за оние кои бараат релаксирачки одмор покрај море, уживајќи во сонцето и разни спортови и активности на вода. Плажите на Марина ди Рагуза се карактеризираат со ситен, златен песок, постепен влез во морето што ги прави совршени за семејства со деца, како и за оние кои сакаат удобно и безгрижно искуство на плажа. Лунгомаре, крајбрежното шеталиште е опкружено со бројни кафулиња, ресторани и продавници, нудејќи им на посетителите можност да уживаат

во локалната кујна, пијалоци и пријатна атмосфера. Покрај плажите, Марина ди Рагуза нуди и жив ноќен живот и културни настани во текот на летните месеци, со различни фестивали, концерти и настани кои го оживуваат градот и обезбедуваат забава и културни искуства за посетителите. Марина ди Рагуза е исто така добра почетна точка за истражување на други знаменитости и градови во регионот, како што се барокниот град Рагуза Ибла, Сцикли и Модика, кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО.

Со посета на Марина ди Рагуза, ќе откриете не само прекрасни плажи, туку и гостопримлива атмосфера, богата културна понуда и автентични сицилијански искуства.

 

Хотел Acacia Marina 4* во Марина ди Рагуза - на 100 метри од морето со вклучени следниве услуги: WI-FI, лежалки и чадори покрај базен, тениско игралиште (со резервација), паркинг на отворено… Mинерални води и коктел за добредојде. Сите соби гледаат кон убава градина и кон море. Опремени во модерен стил, тераси, удобни кревети, голем телевизор, фен, сеф, минибар...

 

Ден 1   СКОПЈЕ - ТИРАНА - СИЦИЛИЈА        

Состанок на групата во Скопје во 08.30 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Сицилија - аеродром Комизо во 15.30 и пристигнување во 17.05 часот. Организиран трансфер од аeродром до хотел  (30km). Сместување. Слободно време. Ноќевање.

 

Ден 2 - 7   СИЦИЛИЈА

Појадок. Денови за одмор, уживање и капење. Можност за посета на факултативни излети... -Еден вечерен излет до автентичното сицилијанско гратче Сцикли (Scicli) со локален водич и дегустација на познатите сицилијански каноли. Ноќевање.

 

Ден 8   СИЦИЛИЈА- ТИРАНА - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Тирана во 17.40 часот и слетување во 19.05 часот. Трансфер до Скопје.

 

Цените се изразени во евра и се однесуваат на едно лице.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на релација Скопје-Тирана-Скопје
  • Авионски превоз на релација Тирана-Сицилија-Тирана
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел Acacia Marina 4* на база 7 ноќевања со појадок (минерални води и коктел за добредојде)
  • Вечерен излет до автентичното сицилијанско гратче Scicli со локален водич и дегустација на познатите сицилијански каноли
  • Организација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса од 3 евра по лице на ден, се плаќа во хотелот
  • Вечера 30-35 евра по лице на ден (уплата во хотел)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко здравствено осигурување
  • Излети: Етна и Таормина / Сиракуза / Ното / Агриџенто / Модика / Рагуза Ибла / Сцикли и Модика / Посета на винарија...

 

 

Напомена:

Цените се дадени по лице, за сместување во соодветен тип на соби.

За резервација задолжителна е уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосната доплата на аражманот е 20 дена пред поаѓање.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

🚍 🚍 🚍 АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ ЗА СИЦИЛИЈА

СИТЕ ТРИ ТЕРМИНИ СЕ РАСПРОДАДЕНИ.

1 ден / СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 13.30 часот...поаѓање за Грција во 16.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Птолемаида, Јанина...пристигнување во Игуменица околу 21.00 часот. По краткиот одмор и чекирањето на билетите – трансфер на фери брод околу 22.00 часот. Испловување за Италија во 01.00 часот – наредниот ден. Ноќевање.

2 ден / БРИНДИЗИ– МЕСИНА – САН АЛЕСИО

Пристигнување во Бари околу 09.00 часот. Патот продолжува кон Вила Сан Џовани – Реџо Калабрија од каде со траект преминуваме на Сицилија...пристигнување во Месина во попладневните часови...сеупатуваме на југ – до познатото туристичко место Санта Тереза ди Рива/Сан Алесио Сикуло, каде се сместуваме во хотел...Ноќевање.

3-8 ден / СИЦИЛИЈА

Уживајте во кристално чистите води на Јонското море, Сицилијанската гостопримливост, неверојатно вкусната кујна, запознајте се и воодушевувајте се на културно-историското наследство на MAGNA GRECIA!!!

9 ден / САНТА ТЕРЕЗА Ди РИВА/САН АЛЕСИО – МЕСИНА – Вила САН ЏОВАНИ – БРИНДИЗИ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бриндизи...патот води преку Месина, вила Сан Џовани, Таранто...пристигнување во Бриндизи во касните попладневни часови, со кратки попатни паузи. Трансфер на траект. Испловување за Грција во 23.00 часот. Ноќевање.

10 ден / ИГУМЕНИЦА– СКОПЈЕ

Пристигнување во Драч околу 08.00 часот. Патот продолжува кон Македонија...пристигнување во Скопје во попладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

1.Термин 25.07.2025 – 03.08.2025, цена по лице 699€ за уплата до 05.06.2025 / Редовна цена 749€

  • хотел SOLEMAR; www.hotelsolemar.net


2.Термин 05.09.2025 – 14.09.2025, цена по лице 499€ за уплата до 05.06.2025 / Редовна цена 549€

  • хотели RIVA Del Sol; www.rivadelsol.com и SOLEMAR; www.hotelsolemar.net


3.Термин 25.09.2025 – 04.10.2025, цена по лице 479€ за уплата до 05.06.2025 / Редовна цена 539€

  • хотели SOLEMAR; www.hotelsolemar.net и RIVA Del Sol; www.rivadelsol.com

Целосната доплата на аранжманот е 20 дена пред поаѓање.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • Бродски (ferry) превоз Игуменица – Бриндизи
  • Игуменица (билет за “deck” - седишта)
  • Бродски превоз Вила Сан Џовани – Месина – Вила Сан Џовани
  • 7 НП / ноќевање со појадок во хотел со 3* во близина на Таормина (Сан Алесио Сикуло или Санта Тереза Ди Рива)
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

ДОПЛАТИ:

  • Доплата за FERRY – брод / двокреветна кабина oд 35€ по лице во правец, трикреветна кабина од 30€ по лице во правец, четирикреветна кабина од 25€ по лице во правец
  • Доплата за еднокреветна соба од 200€
  • Деца 2 – 12 год. плаќаат 75% од цената за возрасен

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети и посети
  • Влезници при посета на културно-историските споменици
  • Патничкото здравствено осигурување