ШПАНИЈА СО АВИОН

Хотел Маринер 4* е место кое нуди модерни, климатизирани соби со приватни балкони. Сместен во Лорет де Мар, хотелот е на само 50 метри од плажата и располага со свој сопствен отворен приватен базен.

 Собите кои нудат пријатна и топла атмосфера се декоративно уредени и имаат сатетелитски приклучок и можност за гледање на некоја од вашите омилени Тв серии. Балконите нудат поглед кон мореето. Секоја од бањите се опремени со крпи за редовно користење и менување на истите и фен. WiFi услугата е достапна но, со одредена доплата за истата.

Ресторанот Маринер е ресторан со богат избор на шведска маса со голем број на континентална и интернационална храна. Навечер има музика во живо, а еднаш неделно имаат и тематска вечер со регионална храна и музика. Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.


Хотелот Sun Village 4*, се наоѓа на 3 минути пешачење од плажа и поседува соби со поглед на море и прекрасна сина гледка кон истото. Хотелот располага со 2 приватни базени и нуди бесплатно WiFi во внатрешноста на хотелот и во градините надвор.

 Секоја од собите е опремена со ТВ, фрижидер, уреден балкон и биро и истите се со вградени клима уреди кои ќе ви помогнат да се разладите во топлите летни денови. Исто така поседуваат риватна бања со туш. Сеф е достапен само на барање со дополнителен платен надоместок за истиот.

 Хотелот располага со свој ресторан, бар и сончева тераса. Рецепцијата е отворена и достапна за информации 24 часа за своите гости и клиенти. Во околината се достапни продавници и ресторани кои може да се најдат во рамки од 100м во близина на хотелот . Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.


Имате се што Ви треба за да уживате во одмор полн со релаксација во средина која Ви нуди беспрекорно уживање. Удобни соби, базен, ресторан со шведска маса со тераса, бар, бесплатен Wi-Fi, сместување за домашните миленичиња и другарчиња... Хотелот Фенал Мар располага со голем број на удобности кои ќе го претворат Вашиот престој во многу пријатно доживување. 

Ресторанот Fenal Mar е ресторан со шведска маса со голем број на континентални и интернационални јадења.

Летови за Шпанија / Скопје - Белград - Барселона