ВАЛЕНСИЈА И АЛИКАНТЕ

06-09.03.2025 / Лет од Скопје

Градот на Сонцето и Уметноста!

Валенсија, третиот по големина град во Шпанија, е совршен спој на историја, култура и модерни атракции. Познат по своите златни плажи, вкусната паеља и футуристичкиот комплекс „Град на науките и уметностите“, Валенсија нуди нешто

за секого. Прошетајте низ историското старо градско јадро, истражете го Туриа Парк, некогашна река претворена во зелена оаза, и уживајте во уникатната атмосфера на локалните пазари и фестивали. Валенсија е дестинација која плени со својата енергија, шарм и бескрајно сонце!

ЕuroStars Gran Valencia 4*

Eurostars Gran Valencia 4* e луксузен хотел кој се наоѓа во срцето на Валенсија, идеално сместен за оние кои сакаат да ја истражуваат оваа динамична метропола. Хотелот нуди современи и елегантни соби, опремени со најнови технологии и удобности, кои гарантираат пријатен и опуштен престој.

Со својата импресивна архитектура и погледи на градот, Eurostars Gran Valencia располага со сите неопходни услуги за деловни и туристички гости, вклучуваќи бесплатен Wi-Fi, фитнес центар, ресторани и сала за состаноци. Доколку сакате да уживате во најдоброто од Валенсиа, Eurostars Gran Valencia 4* е одличен избор за незаборавен престој.

06.03.2025 СКОПЈЕ– ВАЛЕНСИЈА

Полетување на аеродромот во Скопје во 04:00 ч. Пристигнување ( 05:10 ч ) Полетување од Белград за Валенсија во 06:15 ч. (Air Serbia ). Слетување во Валенсија во 09:05 часот.

По пристигнувањето, панорамско разгледување на градот:

  • Град на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias) – комплекс на модерна архитектура, проектиран од Сантијаго Калатрава.
  • Парк во напуштеното корито на реката Турија – 9 км долг парк за прошетка.
  • Панорамска обиколка на 15 мостови, Парк Гуливер, Палау де ла Музика и Пуенте де лас Флорес (најубавиот мост во Валенсија).
  • Обиколка на Торес де Серрано и Торес де Кварт (врати на градот).
  • Посета на стадионот Местала и други значајни градски локации како Рузафе и Банко де Еспања.

Трансфер до хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

07.03.2025 ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет „Валенсија низ историјата“ ( пешачка тура по цена на излетот од 30ЕУР)

Обиколка на историските локалитети: Плаза де ла Вирген, Катедралата на Валенсија, Свети Грал и Судот на водите (пишен суд заштитен од UNESCO).

Посета на Базиликата де десперадос, Микалет тврдина, римски ископини и пазарот.

Пауза за дегустација на шпански јадења и пијалоци во барови во барокен стил. По обиколката, трансфер назад до хотелот. Ноќевање.

08.03.2025 ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет во Бенидорм и Аликанте.

Бенидорм – познато летувалиште, шетање по стариот град.

Патување до Аликанте, посета на тврдината Санта Барбара и шетање по старите улички. Разгледување на шеталиштето Еспланада де Еспања и познатата Плаја дел Постигет. Уживање во локални ресторани и тапас барови. Повраток во Валенсија во попладневните часови. Ноќевање. (Цена на излетот: од 80ЕУР).

09.03.2025 ВАЛЕНСИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и слободно време до трансферот за аеродром.

Препорака: посета на една од валенсијските плажи (Малвароса, Кабанјал, Патакона и други) или шетање по луксузната променада.

Трансфер до аеродромот. Полетување за Белград во 20:35 , слетување во Белград во 23:15 ч. Полетување од Белград во 00:30 ч и пристигнување во Скопје во 01:40 часот. По пристигнувањето, крај на програмата.

Забелешка: За сите факултативни излети важат дополнителни такси. *Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата 

Цена: Early bird цена по лице 649ЕУР

Политика за деца: 10% попуст на Early Bird Price


Цената вклучува:

  • 3 ноќевања со појадок во ЕuroStars Gran Valencia 4* 
  • 23kg багаж
  • Повратен авионски лет + аеродромски такси
  • Трансфер од аеродром - хотел - аеродром 

Цената не вклучува:

  • Туристичка такса
  • Факултативни излети
  • Патничко здравствено осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети