ТОСКАНА 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

22.03.2024 СКОПЈЕ – БОЛОЊА - ФИРЕНЦА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 17.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 19.00 часот. Слетување во Болоња во 20.50 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.

23.03.2024 ФИРЕНЦА

Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век:  Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело... Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо - вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници ипродавници за сувенири... Слободно време за посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовнидела од ренесансата и други периоди, посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Ноќевање.

24.03.2024 ФИРЕНЦА –СИЕНА - САН ЏИМИЊАНО – ВИНАРИЈА “San Donato”- ФИРЕНЦА

Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади  Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија…  Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, посета на винарија - дегустација на вино, закуска и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Враќање во Фиренца. Ноќевање.

25.03.2024 ФИРЕНЦА – ПИЗА –БОЛОЊА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри - всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Заминување кон Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот... Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 21.25 часот. Пристинување во23:10 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 549€

-10% попуст за ранa уплатa до 31.01: 494€ 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје

Аеродромски такси

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во хотел Camilla 3* во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Посета на Болоња

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг 

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)

Посета на Сиена, Сан Џимињано, винарија https://sandonato.it/en/ (дегустација на вина: црно Chianti Colli Senesi и бело Vernaccia di San Gimignano, закуска од пршута и сирења) 85 евра

Разглед на Фиренца со локален водич 20 евра

Посета на Пиза 45 евра

Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Патничко здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 11.200 мкд