НОВА ГОДИНА 2027 ВО МАЛТА

Неверојатен архипелаг во Средоземното Море кој ги воодушевува сите сетила, Малта е една од најпосакуваните дестинации.

Република Малта е островска земја во централниот дел на Средоземното Море, која опфаќа десетина острови и островчиња и зафаќа површина од 316

квадратни километри. Населени се само три острови: Малта (најголемиот), Гозо и Комино.

Малтешкиот архипелаг се наоѓа во близина на италијанскиот остров Сицилија, а од Црниот континент е оддалечен околу триста километри.

Територијата е претежно покриена со мали ридови и полиња, додека највисоката точка – Та’Дмејрек – се издига на само 253 метри на најголемиот остров.

Главниот град на Малта, Валета, се наоѓа на истоимениот полуостров на истокот на Малта. Се смета за културен, економски и административен центар на земјата.

Малтешката кујна се заснова на свежи и локално произведени сезонски состојки и морска храна. Можеме да кажеме дека Малтежаните јадат типично медитеранска исхрана, а италијанските, туниските и шпанските влијанија можат да се почувствуваат во локалната гастрономија.

Типично малтешко јадење е фенката, која се состои од мариниран зајак, подготвен со неколку техники за готвење. Сокот од портокал, локалното

пиво и вино и други алкохолни пијалоци се популарни пијалоци во земјата.

Прошетајте низ малтешките пазари и наградете се со сувенир. Не заборавајте да го купите популарниот малтешки крст, рачно изработени ткаенини и чипка, предмети од леано стакло, а исто така достапен е и прекрасен сребрен и златен накит.


ТЕРМИН

30.12.2026 - 04.01.2027


459€ по лице за standard room

499€ по лице за side sea view room

549€ по лице за sea view room

Цените на аранжманите подлежат на променти поради варирање на цените на авионските билети!

ВО АРАНЖМАНOT Е ВКЛУЧЕНО

• Авио билет Скопје | Малта | Скопје + вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж со димензии 40х30х20 см со можност за доплата на дополнителен багаж

• Трансфери аеродром | хотел | аеродром

• 5 ноќевања со појадок во хотел во Слиема | групација ST


ВО АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • Факулативни излети и посети / факултативи организира самиот хотел како и многуте локални агенции во Малта
  • Туристичка такса од 1,5€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот
  • Здравствено патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата


ТЕРМИНИ НА ЛЕТОВИ


ШТО ДА ПОСЕТИТЕ ВО МАЛТА

  • https://www.getyourguide.com/
  • https://www.lonelyplanet.com/articles/malta-gozos-best-beaches
  • https://cafedelmar.com.mt/
  • Aqualuna Gzira
  • https://www.aquarium.com.mt/
  • https://www.tripadvisor.com/Attractions-g227101-Activities-c20-Saint_Julian_s_Island_of_Malta.html
  • https://popeyemalta.com/
  • https://www.publictransport.com.mt/fares-and-tickets/