ПАТНИ ИСПРАВИ
Патниците кои ќе летуваат во Египет, Тунис, Турција, Шпанија, задолжително треба да поседуваат пасош со важност од најмалку 6 (шест) месеци од датумот на завршување на престојот на дестинацијата.
Проверката на валидноста на патната исправа е исклучиво на одговорност на патникот.
Лицата со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Египет.
Лицата со пасоши кои се македонски, за влез во Египет потребано е да извадат виза на аеродромот во Хургада.
Дополнителна документација за визата не е потребна, се става на пасош и истата е со моментална цена на чинење од 25/28 долари по лице.
За престој во Тунис, Турција и Шпанија не е потребна виза за патниците со македонски пасош.
Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
За сите дестинации, во цената на аранжманот е вклучен багаж од 20/23 кг и рачен багаж од 5/8 кг по лице, без препораки за димензии на куфери.
Доколку се надмине тежината - од аеродромските служби ќе биде побарана соодветна доплата согласно тарифникот на авиокомпанијата.