ЗДРАВСТВЕНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Се спремате за на пат?


Без разлика каде одите – на скијање на Алпите, летување во Тајланд, деловен пат во Франкфурт…без патничко осигурување не сте целосни спремни. Зошто? Затоа што само патничкото осигурување ќе го направи вашиот одмор навистина безгрижен и сигурен. Ова осигурување е наменето за широк опсег на патници: од туристи, деловни луѓе, школски деца и студенти, како и спортисти и физички работници.


Полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремен престој во странство и гарантира покривање на евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош заради ненадејна болест или последици од несреќен случај – незгода. Ние во Лабранда ви нудиме најквалитетно патничко осигурување за сите дестинации во светот.