МАЛАГА

Брегот на јужна Шпанија е познат низ целиот свет по своите сончеви денови во текот на целата година. Регионот Коста дел Сол во Андалузија чиј главен град е Малага – често се нарекува најпопуларна дестинација за одмор во Шпанија. Во превод – „Брег на сонцето“ го оправдува своето име со 320 сончеви денови во годината. Се состои од бескрајни долги песочни плажи, со безброј ресторани, таверни, кафулиња. Малага е родно место на Пабло Пикасо и актерот Антонио Бандерас, а одморот на оваа дестинација, покрај посетата на магичната Малага, нуди можност да се посетат и блиските Гранада, Марбеља, Ронда, Севиља, Кордоба… Коста дел Сол е познат по своите вина од врвен квалитет, кои се меѓу најдобрите во Европа, интензивниот ноќен живот, музеите и прекрасните ресторани со медитерански специјалитети. Најпознати одморалишта се Торемолинос, Беналмадена, Фуенхирола и Марбеља, кои ги воодушевуваат туристите со своите прекрасни пејзажи, плажи и чисто море.

Торемолинос е одморалиште кое привлекува најголем број туристи на овој брег. Покрај долгата песочна плажа со многу ресторани, барови на плажа и шеталиште долго 7 км, тука се и главната пешачка улица Кале Сан Мигел и стариот рибарски кварт Ел Бахондиљо.


Термини и инфо за летови

15.06 - 22.06.2026

15JUN 

04:25 SKP 06:00 VIE

09:40 VIE 13:00 AGP

22JUN

13:50 AGP 16:55 VIE

22:45 VIE 00:15 SKP

 

27.06 - 04.07.2026

 27JUN

 08:45 SKP 11:20 IST

13:15 IST 16:50 AGP

04JUL 

12:25 AGP 17:40 IST

18:55 IST 19:25 SKP

 


 

1 ден                             СКОПЈЕ –– МАЛАГА

Состанок на групата на Скопскиот ареодром 2 часа пред лет. Организиран трансфер до хотелот. Ноќевање.

2 ден – 7 ден              МАЛАГА

Слободно време за индивидуални активности и можност за излети: Малага, Севиља, Кордоба, Ронда, Гранада, Марбеља... Ноќевање.

8 ден                             МАЛАГА – СКОПЈЕ

Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје.  


  1. Hotel Los Jazmines 3* (hotellosjazmines.com) шармантен хотел сместен на плажа во Торемолинос (Playamar Beach). Соби на приземје опремени со клима, ТВ, мини фрижидер… Бар на кровот на хотелот со преубав поглед на Средоземното море, отворен базен со бар. Појадок на база шветска маса. Бесплатно Wi-Fi во заеднички простории.

Цените се дадени по лице за сместување во двокреветна соба.

  1. Hotel Sol Torremolinos - Don Marco Adults Recommended 4* (skr.rs/zSBg) сместен на плажа во Торемолинос (Bajondillo Beach) со многу содржини за релаксација и спорт. Хотелот нуди бесплатно Wi-Fi во цел објект, фитнес центар, Спа & wellness центар – џакузи, солариум, третмански и масажни услуги. Гостите имаат на располагање 8 базени.

Цените се дадени по лице за сместување во двокреветна соба. Хотелот угостува само возрасни лица / adults only.

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел и услуга по избор
  • Организација на аранжманот и претставник од агенција за време на патувањето и престој

За термин 15.06-22.06.2026

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малага-Скопје со Austrian Airlines
  • Кабински багаж (55х40х23см) до 8кг. и една торба/ташна до 3кг.(40х30х10см) по лице

За термин 27.06-04.07.2026

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малага-Скопје со Turkish Airlines
  • Рачен багаж до 8кг. и чекиран багаж максимум 20кг. по лице

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса 870 мкд (се плаќа во агенција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко здравствено осигурување
  • Факултативни излети: 

Малага 30, Севиља 55, Кордоба 50, Ронда и Сетенил 45, Гранада 45, Мијас-Марбеља-Пуерто Банус 45