ШПАНИЈА | БЕНИДОРМ
Добредојдовте во Бенидорм – еден од најпознатите туристички градови во Шпанија и вистински бисер на Коста Бланка.
Веќе трета сезона летуваме во овој монденски град.
Бенидорм е еден од најпознатите туристички градови во Шпанија, сместен на живописната Коста Бланка, на околу 45 километри од Валенсија – идеална локација која спојува море, урбана енергија и лесна достапност.
Со својата пријатна медитеранска клима, долги песочни плажи и динамичен дух, Бенидорм со право го носи прекарот „Менхетенот на Медитеранот“. Градот нуди совршена рамнотежа помеѓу релаксација и забава, привлекувајќи патници од целиот свет.
Познати факти за Бенидорм:
- Градот е познат како една од најбезбедните туристички дестинации во Шпанија, со високо ниво на инфраструктура и туристички услуги.
- Плажите во Бениднорм се меѓу најдобрите во Европа – со златен песок, чисто море и комплетна инфраструктура редовно добиваат Blue Flag сертификати за чистота, безбедност и квалитет на услугите.
- Бенидорм е познат по својата енергија, ресторани, барови и клубови кои нудат забава во текот на целата година.
- Градот е дом на популарни тематски паркови како Terra Mítica, Aqualandia и Mundomar, што го прави одличен избор и за семејства и за млади.
- Старата градска зона нуди автентична шпанска атмосфера, додека природниот парк Сиера Хелада е идеален за прошетки и панорамски погледи кон морето.
- Градот е познат по тоа што има над 300 сончеви денови годишно, и е една од најпосетуваните туристички дестинации во Европа, со милиони посетители годишно
- Особено место кое не смее да се пропушти е Балконот на Медитеранот (Balcón del Mediterráneo) – иконична панорамска точка што ги поврзува плажите Леванте и Пониенте. Од тука се отвора спектакуларен поглед кон морето и градот, а местото претставува симбол на Бенидорм и омилена локација за фотографии и романтични прошетки.
- Дополнителна предност на Бенидорм е неговата близина до Валенсија, што овозможува лесна и одлична можност за еднодневна посета на овој модерен и културно богат град, познат по Градот на уметностите и науките, историскиот центар и медитеранската гастрономија.
Grand Hotel Bali Benidorm
Симбол на модерниот Benidorm и еден од најпрепознатливите хотели на шпанското крајбрежје, Gran Hotel Bali 4* нуди уникатно искуство каде што удобноста, забавата и импресивните панорамски погледи се спојуваат во едно. Со својата височина од 52 ката, хотелот претставува вистински белег на градот и нуди поинаква перспектива на медитеранскиот брег.
Сместен во мирниот дел La Cala, хотелот се наоѓа на околу 350 метри од песочната плажа Poniente, а во непосредна близина има ресторани, барови и различни можности за забава. Собите се пространи и климатизирани, а повисоките катови овозможуваат прекрасен поглед кон морето, заливот и препознатливата панорама на Benidorm.
За целосно уживање во летните денови, на гостите им се достапни неколку надворешни базени, вклучувајќи базен во форма на лагуна, полусемиолимписки базен и базен за деца, како и надворешно џакузи. Хотелот располага со ресторани со шведска маса, каде што се служат разновидни јадења, како и повеќе барови за кафе, освежителни пијалаци и коктели. За дополнителна релаксација, гостите можат да го посетат Wellness центарот со спа-содржини, масажи и фитнес-сала.
Едно од највпечатливите доживувања е панорамската тераса на 43. кат, од каде што се отвора поглед од 360 степени кон градот, планините и Средоземното Море. За љубителите на вечерната атмосфера, Sky Bar на 52. кат нуди можност за коктел со спектакуларен поглед кон заливот.
Gran Hotel Bali е одличен избор за семејства, парови и патници кои сакаат повеќе од класичен хотелски одмор. Комбинацијата од базени, гастрономија, спа-содржини и близина до плажата го прави привлечна база за истражување на Benidorm, неговите плажи, шеталишта и познати забавни паркови.
Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува:
Полн пансион + Трансфери Скопје - Тирана - Скопје + Авио Билет
Во цената е вклучено:
- Авионски билет со лет од Тирана – Валенсија, со вклучени аеродромски такси TIA 19:00-VAL 22:00 | VAL 22:40-TIA 01:25
- Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
- 7 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек, вечера – шведска маса) во Gran Hotel Bali 4*
- *Напомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување (може да се извади и преку агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба
- Туристичка такса во хотел (се плаќа на рецепција при сместување)
- Доплата за СПА центар (се плаќа директно во хотел)
- Доплата за соба со поглед на море (се плаќа во агенција)
- Целодневна посета на Валенсија со водич - 85€ по лице
Напомена: За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
Early Bird попустот трае до 01.03.2027 или до пополнување на местата!
Дополнителни информации:
- Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
- Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
- Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
- При резервација која не е early bird, треба да се уплати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
