КОСТА БРАВА
КОСТА БРАВА, ШПАНИЈА
Хотел Mariner, Лорет де Мар (Adults only / само за возрасни)
Најбукиран во сезона 2025
Хотел Маринер е сместен во Лорет де Мар, оддалечен само 50 метри од плажа и располага со сопствен отворен базен.
Собите се модерни, климатизирани и имаат приватни балкони, вклучуваат сателитска ТВ и сеф. Собите се со поглед на море, базен или планина. Секоја бања е опремена со фен и крпи за редовно користење.
Бесплатно користење на WiFi е достапно во заеднички простории и на рецепција. Ресторанот ALEGRIA Mariner е ресторан со шведска маса со голем број на континентални и интернационални јадења. Навечер има музичко шоу во живо, а еднаш неделно има тематска вечер со регионални јадења.
Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.
TЕРМИНИ
01.10 / 7 НОЌИ / ПОЛН ПАНСИОН / 569€ ПО ЛИЦЕ
03.10 / 5 НОЌИ / ПОЛН ПАНСИОН / 479€ ПО ЛИЦЕ
Хотел Sun Village*, Лорет де Мар
Во хотелот ALEGRIA Sun Village се нуди совршена хотелска формула за целосно уживање во уникатното искуство во Љорет де Мар, внимателно е дизајнирн секој детал за да вашиот престој биде незаборавен. Уживајте во удобноста на нашите модерни и комфорни соби, персонализираната услуга и внимателно уредените простории создадени за целосна релаксација и одмор.
Опуштете се покрај базените на лежалки, вкусете вкусни оброци во ресторанот и сончајте се на терасато со прекрасен поглед. Хотелот нуди и услуга за миленици, бар, како и бесплатен Wi-Fi со високa брзина низ целиот објект. Без разлика дали сакате да се релаксирате, да истражувате или едноставно да уживате во медитеранскиот стил на живот, ALEGRIA Sun Village нуди сè што ви е потребно за совршен одмор. Хотелот се наоѓа на 150 метри од плажа.
TЕРМИНИ
01.10 / 7 НОЌИ / ПОЛН ПАНСИОН / 569€ ПО ЛИЦЕ
03.10 / 5 НОЌИ / ПОЛН ПАНСИОН / 479€ ПО ЛИЦЕ
ВO ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 5/7 ноќи во избран хотел на база полн пансион / појадок + ручек + вечера
- Аеродромски такси
- Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје
- Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
- Рачен багаж со димензии согласно политиката на Wizz Air
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
- Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
- Доплата за багаж според моменталната цена на https://www.wizzair.com/
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
- Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
- Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
- Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
