TАЛИН И РИГА


27.11.2025-01.12.2025

АВИОН/ 5 дена / 4 ноќи


27.11.2025 - Скопје-Франкфурт-Талин

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14.30 часот. Полетување кон Франкфурт во 16.35 часот, слетување во 19:00 часот по локално време.

Летот за Талин е во 20.30 часот, пристигнување во Талин во 23:50 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Metropol“ 3*

лоциран во непосредна близина на стариот дел од градот (https://www.metropol.ee/hotel/ ). Сместување на групата. Ноќевање.

 

28.11.2025 -Талин

 

Појадок. Заминуваме на организиран пешачки разглед на најдобро сочуваниот средновековен град во Европа. Главниот град на Естонија ќе ни овозможи незаборавно патување низ вековите бидејќи е своеводен Музеј на отворено... Во стариот град кој е под заштита на Унеско се наоѓа

најпознатата готичка градба - 600 годинишната зграда на Градското Собрание која е најстарата зграда во цела Скандинавија. Исто толку години е стара и аптеката која од 1422 година без прекин работи на истото место; денес тука можете да купите современи лекови но и средновековни мелеми. На само неколку минути од главниот плоштад се наоѓа Црквата „Sveti Olaf“ посветена на норвешкиот крал Olaf Втори, највисоката средновековна градба од 12. век чија кула е висока повеќе од 123 метри и за време на Советската Влада се користела за набљудување. Разгледот на една од најубавите светски дестинации ќе го реализираме со лиценциран туристички водич, а потоа имаме слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот каде токму пред Градското Собрание е лоциран божиќниот пазар кој има примеси на бајка. Ѕвездата на овој зимски настан е новогодишната елка која има традиција уште од 1441 година, кога за прв пат е поставена на овие простори... Всушност тоа е и првата новогодишна елка дотогаш изложена во Европа. Ни претстои неверојатна вечер под отворено небо со новогодишните светилки. Локалните трговци ќе понудат специјалитети од естонската божиќна кујна, од најнеобични десерти и храна до топли божиќни пијалоци. Ноќевање.

29.11.2025 -Талин-Рига

 

Појадок. Организиран трансфер со автобус кон Латвија и градот Рига. Пристигнување во попладневните часови. Сместување на групата во хотелот

„Eurostars Metropole“ 4* кој се наоѓа во срцето на стариот град (https://www.eurostarshotels.co.uk/). Одмор од патувањето и слободно време за индивидуални прошетки. Ова е неверојатна можност да ги доживееме божиќните убавини на Рига, градот кој го има еден од најубавите божиќни пазари во Европа. Дали знаете дека жителите на Рига тврдат дека тие ја измислиле божиќната елка?

Приказната вели дека една ноќ, некои развеселени трговци враќајќи се дома донеле бор и го украсиле со цвеќиња пред да го запалат кон крајот

од ноќта. Така се родила декоративната божиќна елка. Треба да сме подготвени за многу позитивна енергија на едно место. На таа атмосфера

не можете да и` одолеете туку едноставно морате да им се придружите. Ноќевање.


30.11.2025 - Рига

 

Појадок. Организиран пешачки разглед на градот кој го започнуваме со прошетка низ камените улици на оваа престолнина која е под заштита на Унеско. Тука се црквите „Свети Петар“ и „Свети Јаков“, Катедралата со највредните оргуљи на светот, Градските ѕидови кои ќе не` вратат во

стариот век, Шведската врата која е единствен сочуван влез во Стариот град, Парламентот, Куќата на црните глави- една од најубавите во цела

Латвија, Споменикот на Слободата... По организираниот разглед, слободно попладне за индивидуални активности и уживање во божиќната магија...

Аромите на цимет, ѓумбир и печени бадеми ќе го исполнуваат воздухот, а вареното вино ќе биде најзастапениот пијалок. Доколку барате уникатен

подарок за Божиќ, локалните латвиски занаетчии ќе понудат традиционални подароци. Ноќевање.

 

01.12.2025 - Рига-Скопје

 

Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Рига. Полетување кон Франкфурт во 14.40 часот, слетување во 16:05. Летот за

Скопје е во 20.30 часот, пристигнување во Скопје е во 22.40.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 759€

ПРОМО ЦЕНА: 699€ за уплата до 19.09.2025

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски билет Скопје- Франкфурт-Талин со вклучени аеродромски такси
  • Авионски билет Рига-Франкфурт-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице
  • Сите трансфери вклучени во програмата
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4 * во Талин
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Рига
  • Патничко здравствено осигурување
  • Лиценциран туристички водич
  • Лиценциран туристички придружник

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за еднокреветна соба – 140 евра
  • Туристичка такса - 15 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенција)


 

НАПОМЕНИ:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 30 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример доцнење на летот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета, временски непогоди ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.