АПАРТМАНИ ВО КАЛИТЕА
Es Studios
Доколку сте во потрага по модерен, удобен и стилски сместувачки студиа соприватен базен, лоциран на само 𝟓 минути пеш од најдобрите ресторани и
динамичниот ноќен живот , во самиот центар на градот – ова студио е вашиот совршен избор за незаборавен одмор.
Целосно ново опремени студиа во Калитеа, на 450 метри од плажа. Студиата се опремени со 1 брачен кревет и еден дополнителен кревет на спуштање, кујна за подготовка на лесни јадења , купатило и тераса. Сите студија се на приземје. Клима уредот, интернетот и користење на базенот се вклучени во цена.
Во студиата може да се сместат максимум 4 лица (со согласност од патниците бидејќи 3-то и 4-то лице ќе спијат на дополнителен кревет на спуштање).




ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
- 7 ноќевања за наем на студио 1/2+2
- Користење на Wi-Fi, клима уред и базен
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
- Превоз / понудата е со сопствен превоз
- Туристичка такса 2€ од ноќ од студио ( се плаќа во агенција)
- Здравствено патничко осигурување
ТЕРМИНИ И ЦЕНИ
АПАРТМАНИ ВО НИКИТИ
Вила DIAMOND 4*
Вила DIAMOND 4 се наоѓа во мирен дел на почеток од градчето Никити, на 400 метри оддалеченост од плажа.
Вилата располага со четири 1/4+1 апартмани со можност за достава на уште едно дополнително легло.
Собите се комплетно опремени со кујна и кујнски прибор, TV, фрижидер и шпорет. Клима(вклучена во цена), Wi fi, тоалет, фен и пешкири.
Два апартмани се наоѓаат на прв кат и два на приземје, и истите располагаат со две простории. Има брачен кревет во спалната соба и во другата просторија поврзана со кујна се наоѓаат 2 единечни кревети со можност за достава на уште едно дополнително легло.
Кујната е целосно опремена, исто така има тоалет и балкон. Може да се сместат максимум 4 возрасни и едно дете до 12 години



Цeните во табелата се дадени за слободни термини, за наем на студио или апартман за 7 ноќевања за 4 возрасни + 1 дете под 12 години.
Цените се изразени во МКД, превозот не е вклучен.
Доплата за туристичка такса 2€ по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
Патничко здравствено осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
MARABOO Suites 5*
Aparthotel Maraboo Suites 5* е модерен и комфорен сместувачки комплекс со 18 уникатни едници, сместен во мирниот и популарен туристички центар Никити на полуостровот Ситонија во Халкидики. Објектот е приближно 400 метри од прекрасната плажа во Никити, што го прави идеално место за семејства, парови и гости кои бараат релаксиран одмор покрај море.
Локацијата нуди лесен пристап до кристално чистите плажи, ресторани, кафулиња и маркети, со можност за пешачење до стариот град на Никити.
Сместување:
Работно уреден во минималистички, светли тонови, комплексот нуди различни типови сместувачки единици прилагодени на потребите на различни категории гости:
Deluxe Suites – идеални за семејства 4 лица; имаат брачен кревет на понискиот кат и два единечни во лофт-делот.
Сите соби се опремени со:
Клима уред и Smart TV, бесплатен Wi-Fi интернет, мини фрижидер, паркинг (бесплатен), балкон или тераса, приватна бања
Сервис за чистење секој 3/4 ден (или согласно правила на објектот)
Локација и околина:
Објектот се наоѓа во централниот дел на Никити, на околу 6 минути пешачење до плажата со долга песочна обала и чисто море, идеална за пливање и релаксација.
Благодарение на својата одлична локација, градот Никити нуди лесен пристап до плажи, ресторани, барови, маркети и локални атракции.




Цените во табелата се изразени во МКД и се вкупни за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, превозот не е вклучен.
Туристичка такса 2€ од ноќ од аражман, се наплаќа на рецепција.
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничко здравствено осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на 4 лица согласно бројот на кревети.
Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
- За овие апартмани нудиме можност и за различни денови на престој, но тие понуди се со ваш превоз.
АПАРТМАНИ ВО ЈЕРИСОС
Вила Алитеа
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.
Вила Алитеа се наоѓа во Јерисос лоцирана на самата плажа. Вилата располага со нов четворокреветен модерно опремен апартман на втор спрат. Дневен престој со аголна гарнитура која не се пушта, трпезарија, комплетно опремена кујна со најнов инвентар и кујнски апарати. Посебна просторија со брачен кревет и еден единечен кревет. Две клими и wifi (вклучени во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, голем балкон со директен поглед на море и паркинг. Чистење на апартманот,менување на постелнина и пешкири е секоја среда. Максимум може да се сместат 4 лица.
Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, изразени во МКД, превозот не е вклучен.
Доплата за туристичка такса 21€ по студио/апартман, се плаќа во агенција.
Патничко здравствено осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.




Вила M&B Suites
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.
Вила M&B Suites се наоѓа во мирен дел на градот на само 50 метри од градската плажа. Вилата располага со три четворокреветни студија и едно трокреветно студио. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Комплетно опремена кујна, клима (вклучена во цена), сопствено купатило, тераса и сопствен паркинг.Чистењето на апартманот и менување на постелнина и пешкири е секоја среда.
Студиата располагаат со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Можат да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца под 12 години или 4 возрасни лица.
Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, изразени во МКД, превозот не е вклучен.
Доплата за туристичка такса 21€ по студио/апартман, се плаќа во агенција.
Патничко здравствено осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.




АПАРТМАНИ ВО НЕА РОДА
M&B Boutique
Неа Рода е мало но живописно село на североисточниот брег на Халкидики, Грција. Се наоѓа на потегот на полуостровот Атос, во близина на морето, и е познато по својата природна убавина и мирна атмосфера. Неа Рода има пристап до прекрасни плажи, со кристално чисто море и спокојни води, идеално за одмор и рекреација.
Вила M&B Boutique се наоѓа во централниот дел на градот на само 150 метри од градската плажа. Вилата располага со четворокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со: кујнски прибор, апарат за кафе/нескафе, тостер, електричен бокал за вода, фрижидер. Во кујните нема шпорет. Клима (вклучена во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, пешкири, тераса и паркинг. Секојдневно чистење на собите. Во цената е вклучено неограничено користење на вода, кафе, двопек, путер, џем, мед, млеко за кафе.
1/4 студио - бр. 101 - се наоѓа на приземје. Студиото располага со голем брачен кревет, дупла софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 студио - бр. 205 - се наоѓа на прв спрат со поглед на море. Студиото располага со голем брачен кревет, дупла софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 студио - бр. 305 - се наоѓа на втор спрат со поглед на море. Студиото располага со голем брачен кревет, дупла софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 апартман - бр. 204 - се наоѓа на прв спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има голем брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години
1/4апартман - бр. 304 - се наоѓа на втор спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има голем брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години





Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, изразени во МКД, превозот не е вклучен.
Доплата за туристичка такса 21€ по студио/апартман, се плаќа во агенција.
Патничко здравствено осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
ЦEНИ ЗА ПРЕВОЗ:
Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
Деца под 12 години 40€ / Еден правец 35€
Дете под 2 години (без седиште) – бесплатно

