ПРАГА

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

28 03.2025 СКОПЈЕ - ПРАГА  

Состанок на групата на аеродромот во 10:30 часот рано наутро. Полетување за Прага во 12:30 ч. Пристигнување во 16:05 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуални прошетки по Вацлавски плоштад или факултативно крстарење по В’лтава со вклучена вечера. Ноќевање.


29.03.2025 ПРАГА 

Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица...Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.


30.03.2025 КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.


31.03.2025 ПРАГА - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:45 ч. Пристигнување после полноќ на 01 Април во 00:15 часот.

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација: Скопје - Прага - Скопје
  • Рачна торба со димензии 10*30*40см
  • Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
  • Аеродромски такси
  • Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром
  • Сместување во хотел Prague Centre Plaza ***, на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
  • Организација и реализација, придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ
  • Карти за јавен превоз (метро, автобус...)
  • Доплата за 1/1 соба 110€
  • Факултативни излети и посети: 

Карлови Вари 65€

Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€

  • Влезници за музеите и културно - историските споменици 


Поради закажување на термини, факултативите задолжително да се пријават во агенција при уплата на арнжманот.

Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.


НАПОМЕНА:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот. Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот.
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника.
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.