


ШПАНИЈА | ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА
Медитерански луксуз со потписот на Рафаел Надал – доживеј ја Мајорка во нејзиното најстилско издание!
ZEL Mallorca е ексклузивен lifestyle хотел со 4*, создаден во соработка со тениската легенда Рафаел Надал, кој ја спојува автентичната медитеранска атмосфера со модерен луксуз и опуштен островски начин на живот.
Сместен на самата плажа во Палманова, хотелот нуди совршен амбиент за гости кои бараат стилски одмор покрај море.
Гостите можат да уживаат во два надворешни базени, од кои едниот има директен пристап до плажата, додека другиот е опкружен со зелена градина.
За целосна релаксација се грижи AUA Wellness Studio со спа третмани, масажи, сауна и простор за одмор, а на располагање се и модерна фитнес сала, јога и различни спортски активности.
Посебно доживување нуди гастрономската понуда на Beso Beach Mallorca, со баскиско-медитеранска кујна и ресторан непосредно покрај морето.
Хотелот располага со модерно уредени соби и апартмани со медитерански дизајн, а дел од нив нудат прекрасен поглед кон морето и пространи приватни тераси.
ZEL Mallorca
ZEL Mallorca е повеќе од хотел – тоа е уникатно медитеранско доживување за оние кои сакаат да уживаат во сонцето, морето, врвната гастрономија и активниот островски живот.
- Локација на самата плажа
- Уникатен концепт создаден во соработка со Рафаел Надал
- Два надворешни базени со медитерански амбиент
- AUA Wellness Studio со спа и релакс третмани
- Beso Beach Mallorca – ексклузивен ресторан покрај морето
- Јога, фитнес и активни спортски програми
- Модерни соби и апартмани со поглед кон морето
- Можност за престој со домашни миленици
Во цената е вклучено:
- Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
- Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
- 7 ноќевања со појадок
- Напомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување (може да се извади и преку агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба
- Туристичка такса во хотел (се плаќа на рецепција при сместување)
Напомена: За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
Early Bird попуст e до 31.12.2026 или до пополнување на местата!
Дополнителни информации:
- Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
- За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
- Еднокреветна соба е на барање.
- Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
- Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
- Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
- Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
- При резервација која не е early bird, треба да се уплати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
