КИПАР

Директен лет од Скопје / 15.11 – 18.11.2025


КИПАР е островска држава во Средоземното море, каде влијанието на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се главна причина да на Кипар доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави...


Најголемото богатство на Кипар се небесните плажи на Средоземното Море со неодоливата кристално чиста вода. За плажите во Аја Напа се вели дека се најубавите на Кипар, но ако одите по целиот брег на островот од Пафос до Фамагуста, можете да бидете сигурни дека ниту една од нив нема да ве остави рамнодушни. Плажи на Кипар чии тиркизни води и ситни песоци се вистински хедонизам: Nissi beach, Lara beach, Makronisos beach, Paramali beach, Fiq Tree Bay beach...


15.11.2025  СКОПЈЕ – ЛАРНАКА                                                                                           

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 06:00. планирано полетување за Ларнака во 07:50. Пристигнување во Ларнака во 11:00, организиран трансфер до хотелот. Сместување.

Разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав  и како град и како ресорт.  При

разглед на градот Ларнака, ќе ги посетиме: Големата џамија-Кебир, : Големата џамија-Кебир, , Замокот на Ларнака,Старто маало и шопинг улица  Laiki Gaitonia – добар комшија,  црквата Св.Лазар.

Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака. Потоа следи слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање.


16.11.2025  АЈА НАПА – НИСИ БИЧ                        

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа, а потоа на плажата Nissi Beach, прогласена за втора најубава плажа во светот.

Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во залив, денес е престижен туристички центар. Познат е како  „втора Ибица„  за сите кои сакаат спортови на вода и активен ноќен живот, бројните ресторани, барови и дискотеки работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км  и Nissi Beach – долга 2 км на која пристигнуваме и можност за уживање во една од најубавите плажи во светот. Враќање во хотел во вечерните часови.

17.11.2025 НИКОЗИЈА –  ЛАРНАКА                                              

Појадок. Факултативна  посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео.

Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната

трговска улица во Никозија. Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.

18.11.2025 ЛАРНАКА – СКОПЈЕ               

 Пакети со појадок за по пат. Трансфер од Хотелот до аеродромот во 04:00.

Полетување за Скопје во 05:50. Слетување во Скопје во 07:15 часот.       

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259€

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Директен лет  Скопје – Ларнака – Скопје со  Wizz Air;
  • Мала кабинска торба/ранец со димензии 40x30x20cm;
  • Организиран трансфер: аеродром Ларнака-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел 3* на база ноќевање со појадок – 3ноќи

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран разглед на Ларнака  со влез во Замокот на Ларнака– 20€
  • Факултативен разглед на градот Никозија – 35€
  • Факултативна посета  на  Аја Напа и Nissi Beach  –  25€

Пакет цена за сите факултативи – 65€

  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)
  • Туристичка такса –  2€ по ноќ по лице
  • Патничко здравствено осигурување