Тиренско море Италија + посета на Неапол


Тиренско Море – што го прави посебно?

Се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.

Познато е по: тиркизна и топла вода, долги песочни плажи и скриени заливи, близина до острови како Капри и Искија, автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера.

Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија:

  • родното место на пицата
  • поглед кон вулканот Везув
  • богато културно наследство и тесни улички полни со живот


РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 539€

ПРОМО ЦЕНА ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ: 449€ ПО ЛИЦЕ

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 5 ноќевања на база на BB ( ноќевање + појадок ) во хотел покрај плажа Cumeja Beach & Club Hotel 4*| Baia Domizia (CE) www.cumeja.it
  • Директен лет на релација Скопје – Неапол – Скопје
  • Авио билети и аеродромски такси
  • Рачен багаж до 8кг ( Wizz Air димензии 40x30x20 )
  • Трансфери од аеродром до хотел и назад
  • Користење на лежалки на плажа
  • Посета на Неапол

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за кабински и чекиран багаж (информации и плаќање во агенција)
  • Туристичка такса (се плаќа на лице место)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко здравствено осигурување
  • Факултативни излети за посета на Капри,Амалфи и Поситано (за нив се пријавувате на лице место)


ПЛАН И ПРОГРАМА

ПРВ ДЕН

Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Неапол, организиран трансфер до хотелот и сместување.

ЛЕТОВИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ:

SKOPJE – NAPLES (16:30 PM) NAPLES – SKOPJE (18:45 PM)

ВТОР ДЕН - ПЕТТИ ДЕН

Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности како и за еднодневна посета на Неапол. Денот предвиден за посета на Неапол се одредува дополнително на лице место.

Воедно препорачуваме и посета на некои од факултативните излети како што се: Капри, Амалфи, Поситано.

За овие факултативи се одлучувате на лице место. Пријавување и резервација не се прави во канцеларија.

ШЕСТИ ДЕН

По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ВАЖНО

  • Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена
  • Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци
  • Сместувањето е во само 1/2 тип на соби (се сместуваат две лица)
  • Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени – дополнителен попуст за деца нема.
  • Појадок: 08:00 – 10:00ч на база на шведска маса
  • Летовите за сите четири термини се следните: SKOPJE – NAPLES (16:30 PM) NAPLES – SKOPJE (18:45 PM)