МАДРИД ЗА НОВА ГОДИНА

30.12.25 - 03.01.206 / 5 дена / 4 ноќевања

30.12.2025 СКОПЈЕ - МАДРИД

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

31.12.2025 МАДРИД

Појадок. После појадокот се упатуваме на панорамско разгледување на градот. Во модерниот дел од градот ќе ги виидме : 5те кули и останатите облакодери и споменици во Paseo de la Castellana како и стадионот Santiago Bernabeu, затим Korida Ventas, плоштад Kolumba, паркот Retiro, улицата Paseo de Prado каде што се наоѓаат многубројните музеи, Eгипетскиот храм Debot и поминување низ улицата Gran Via. По завршување на панорамскиот разглед слободно време. Во вечерните часови дочек на Нова Година на плоштад. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

01.01.2026 МАДРИД

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на главниот парк на градот, Ретиро, во чиј центар има езеро, кое во лето жителите на Мадрид го користат за едрење со мали чамци. Паркот, меѓу другото, го вклучува величествениот споменик на Алфонсо XII и два прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата). Вечерта, предлагаме да ги посетите баровите што служат тапас, бидејќи кога сте во Мадрид мора да пробате тапас. Најдобрите улици за тапас се Cava Baja и Cava Alta, каде што има кафулиња и ресторани, идеални за уживање во опуштената атмосфера на тапас баровите. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

02.01.2026 МАДРИД - ТОЛЕДО

Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.

03.01.2026 МАДРИД - СКОПЈЕ

Појадок. Оставање на багажот во хотелот. Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via за љубителите на шопингот или за љубителите на спортот, посета на стадионот Santiago Bernabeu, фудбалски храм на познатиот фудбалски клуб Real Madrid... Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 20:45ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:15ч.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И УПЛАТА ОД 50% НАЈДОЦНА ДО 01.10.2025: 599€

РЕДОВНА ЦЕНА: 659€


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Мадрид - Скопје со авикомпанијата Wizz Air
  • Аеродромскитакси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm)
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром
  • Сместување во хотел 3*, 4 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програматa
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса 5€ по лице на ноќ - се плаќа во агенција
  • Доплата за еднокреветна соба 260€
  • Патничко здравствено осигурување
  • Билети за јавен превоз со метро


ФАКУЛТАТИВИ

  • Панорамски разглед со трансфер и локален водич - 45€
  • Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич - 75€

Задолжително минимум една факултатива - пријавување воагенција