РИМ И ВАТИКАН

01.03.2025 СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродром во 15:00 часот. Лет за Рим во 16:50 часот. Слетување во Рим во 18.40 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино... Попатно запознавање на знаменитостите, сместување во хотел. Слободна вечер за прошетка и први впечатоци од прекрасниот Рим. Ноќевање.


02.03.2025  РИМ                                                                             

РИМ Појадок. Пешачки разглед на Рим со локален водич: Колосемуит, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, плоштадот Венеција... плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Пауза за ручек. Слободно време или во придружба на водичот, прошетка, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Вечерта слободно време, враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.  

03.03.2025  РИМ - ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим... Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

04.03.2025  ВАТИКАН - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: ВАТИКАНСКИТЕ МУЗЕИ со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи,

Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар.... Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран

трансфер (околу 15.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 19:10 часот. Пристигнување во Скопје во 20:50 часот.


Цена на аранжманот за уплата до 22.12.2024: 459ЕУР

Редовна цена на аранжманот: 559ЕУР

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Кабинска торба со димензии 40х30х20 до 10кг
  • Трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • Сместување во еден од хотелите на Raeli Group 3* со локација на Термини станица на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Рим
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса 1.120 мкд (се плаќа во агенција)      
  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж -куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 10.000 мкд


ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжителна уплата во агенција - 70ЕУР
  • Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжителна уплата во агенција - 70ЕУР
  • Разглед на РИМ - Антички Рим -  20ЕУР


Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 лица.  

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аражманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

Агенцијата го задржува правото на (во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично) да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.