РИМ ЗА БОЖИЌ
Авион / 07 - 10.12.2025 / 4 дена / 3 ноќевања
Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на
градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет.
Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн
со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.
07.12.2025| Скопје - Рим
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Полетување за Рим во 18:55 часот. Пристигнување во Рим во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и
сместување.Ноќевање.
08.12.2025 | Рим (Разглед и Ватикан)
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд.
Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По
кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона,
Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални
активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
09.12.2025 | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор)
Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
10.12.2024 | Рим - Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (слободни прошетки, кафе, шопинг ...) Во договорено време трансфер до
аеродром. Полетување кон Скопје во 21:30 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И УПЛАТА ОД 50% ДО 30.09: 399€
РЕДОВНА ЦЕНА: 469€
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air
- Аеродромски такси
- Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром
- Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
- Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)
- 3 ноќевања со појадок
- Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Доплата за 20 kg багаж (куфер)
- Доплата за еднокреветна соба 120€
- Туристичка такса – 7,5€ по лице на ден
- Билети за јавен превоз со метро
- Патничко здравствено осигурување
Цени за факултативи:
- Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич - 20€
- Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела - 70€ (со локален водич и влезница)
- Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este - 70€
