КОСТА БРАВА
Ова лето одиме во Шпанија со лет од Скопје!
Хотел Маринер 4*, Loret De Mar
Сместен во Лорет де Мар, хотелот е на само 50 метри од плажата и располага со сопствен отворен базен.
Собите се модерни, климатизирани и имаат приватни балкони, вклучуваат сателитска ТВ и сеф.
Собите се со поглед на море, базен или планина. Секоја бања е опремена со фен и крпи за редовно користење.
Бесплатно користење на WiFi е достапно во заеднички простории и на рецепција.
Ресторанот ALEGRIA Mariner е ресторан со шведска маса со голем број на континентални и интернационални јадења.
Навечер има музичко шоу во живо, а еднаш неделно има тематска вечер со регионални јадења.
Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.
Хотел Alegria Maripins 4*, Malgrat De Mar
ALEGRIA Maripins се наоѓа на 50 метри од плажата Малграт де Мар, на брегот Марезме, на 65 километри северно од Барселона а на само 400 метри од центарот на градот.
Хотелот располага со отворен базен.
Сите соби се климатизирани и имаат приватен балкон со поглед на море, планини или базен.
ALEGRIA Maripins има ТВ соба и соба за игри. Може да играте пинг-понг или билијард, а има и детско игралиште.
За вечерни забави хотелот нуди караоке и фламенко шоу.
Хотел ALEGRIA Caprici Verd 4*, Santa Susanna
Хотелот Caprici Verd 4* се наоѓа на 2 минути пешачење од плажата Санта Сузана.
Поседува надворешен и внатрешен базен,со бесплатен Wi-Fi, теретана, топла када и ресторан со шведска маса.
Секоја соба е климатизирана, има сателитска ТВ и приватна бања со туш и фен.
Секоја соба има балкон и поглед на море или планина.
Ресторанот на Hotel Caprici Verd служи оброци на шведска маса за појадок и вечера.
Има снек бар покрај базенот со голема тераса, отворен од април до октомври.
Хотелот има и детско игралиште, детски клуб и забавна програма.
До Барселона можете да отпатувате со воз од железничката станица Санта Сузана - која се наоѓа на само 20 метри од хотелот.
Хотел ОASIS SPLASH 4*, Callela
Овој хотел е сместен во Калела на Коста Марезме, на само 450 метри од плажата.
Располага со 2 надворешни базени, воден парк за деца.
Водниот парк има 4 тобогани. Хотелот располага со салон со маса за снукер и ТВ.
Бесплатен WiFi е достапен во заедничките области/рецепција.
Сите соби се климатизирани и имаат приватен балкон со поглед на море, базен или планина.
Секоја од нив доаѓа со сопствено купатило.
Спа центарот во рамки на хотелот се наплаќа и треба да се резервира директно на рецепција.
Хотелот Oasis Park Splash се наоѓа на 45 километри од Жирона и 55 километри од Барселона.
Цените во сите табели се дадени по лице.
Аранжманот опфаќа:
- повратен авио билет + аеродромски такси
- ноќевање, појадок + вечера во хотел
- повратни трансфери аеродром/хотел + услуга од водичи
Летовите се директни и се лета на релација Скопје / Барселона.
На летот е вклучен само рачен багаж по лице, чекиран багаж се доплаќа по 60ЕУР по лице, вкупно за двата правци.
Во Барселона Ве пречекуваат нашите водичи и се реализира трансфер до сите хотели.
Хотелската такса се плаќа директно во хотелот / на рецепција и истата се движи од 2-3ЕУР по лице на ден.
Престојот на безени и користењето на лежалките на базените не се наплаќа. Понесете си пешкири за на базен и за на плажа.
Термини на летови