БОДРУМ
БОДРУМ
Бодрум, древниот град Халикарнас, денес е модерен туристички центар кој привлекува туристи со кристално чистото море, добрите плажи и меката клима. Во реонот околу пристаништето, како и во соседниот залив, каде се наоѓаат повеќето хотели, ќе најдете и многу кафулиња, ноќни клубови, дискотеки и
продавници. Додека сте на одмор во Бодрум може да го посетите древниот град Ефес — втор по големина град во Римското Царство и калциевите тераси на Памуккале. Исто така може да се прошетате со ферибот до грчкиот остров Кос.
Градот е сместен на истоимениот полуостров Бодрум, на северозападниот дел од заливот Гокова, спротивно од грчкиот остров Кос.
Денес градот е важен туристички и јахтинг-центар.
ПРЕБАРУВАЧ НА ХОТЕЛИ
