СКИЈАМЕ ВО БАНСКО СО ИНСТРУКТОРИ

Mountain Paradise – удобен хотел со одлична локација, во непосредна близина на ски-лифтовите и само неколку минути од центарот на Банско. Хотелот располага со топли и пространи соби, внатрешен базен и спа-центар, ресторан со вкусна кујна и сè што ви е потребно за релаксиран зимски одмор по цел ден на падините.

Поминете незаборавен зимски одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и моменти што ќе ги паметите цел живот.

Спакувајте ја зимската опрема – ние се грижиме за останатото.

Фамилијарни пакети за Hotel Mountain Paradise 4*


Термин 13.01 – 18.01.2026

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • 5 ноќевања во хотел со 4* со два оброка на ден (појадок и вечера – шведска маса)
  • Ски инструктори за почетници
  • Трансфер до гондола
  • Спа центар во склоп на хотелот
  • Професионални тренери
  • Патничко здравствено осигурување


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз Скопје / Банско / Скопје (повратен билет 50)
  • Ски карта
  • Ски опрема


АКТИВНОСТИ:

Скијање – спорт кој гради самодоверба и дисциплина

  • За почетници: Безбедно и постепено воведување во светот на скијањето, со индивидуален пристап кон секое дете.
  • За поискусни: Усовршување на техниката, предизвикувачки патеки и развивање на спортски дух.

Секојдневните часови со лиценцирани инструктори не се само вежбање – тие учат на упорност, концентрација и поставување цели. Мали групи значат поголемо внимание и брз напредок.

Развој преку забава

Нашата програма е внимателно избалансирана со активности кои влијаат на различни аспекти од развојот на детето:

  • Тимски игри и натпревари – ја поттикнуваат соработката, лидерството и почитувањето на другите.
  • Креативни работилници – развиваат имагинација, фина моторика и способност за решавање проблеми.
  • Караоке и маскенбал – им даваат храброст да се изразат пред други, градат самодоверба и креативност.
  • Тематски забави – носат радост и чувство на заедништво.

Што добива секое дете?

  • Поголема самостојност – учат да се грижат за својата опрема и дневни активности.
  • Социјални вештини – запознаваат нови пријатели и учат како да се вклопат во група.
  • Физичка кондиција – активен престој на чист планински воздух.
  • Позитивни емоции и спомени – моменти кои ќе ги раскажуваат долго потоа.

  • Инструкторите работат во група со деца на исто ниво (почетно, средно и напредно ниво)
  • Средно и напредно ниво работат цел ден од 08.30 до 16.00 часот
  • Почетниците работат околу 3 часа (во различен период од денот)




ГОЛЕМИ EARLY BOOKING ПОПУСТИ ВО ТЕК / КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА 072 320 560


БОРОВЕЦ


БАНСКО



ПАМПОРОВО