КОСТА БРАВА

КОСТА БРАВА, ШПАНИЈА / 8 ДНЕВНИ АРАНЖМАНИ

Хотел Mariner, Лорет де Мар (Adults only) Најбукиран во сезона 2025

Хотел Маринер е сместен во Лорет де Мар,на само 50 метри од плажата и располага со сопствен отворен базен.

Собите се модерни, климатизирани и имаат приватни балкони, вклучуваат сателитска ТВ и сеф. Собите се со поглед на море, базен или планина. Секоја бања е опремена со фен и крпи за редовно користење.

Бесплатно користење на WiFi е достапно во заеднички простории и на рецепција. Ресторанот ALEGRIA Mariner е ресторан со шведска маса со голем број на континентални и интернационални јадења. Навечер има музичко шоу во живо, а еднаш неделно има тематска вечер со регионални јадења.

Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет

Хотел Alegria Maripins 4*, Малграт де Мар


Вашиот совршен летен одмор во ALEGRIA Maripins 4**** – Малграт де Мар!

Замислете се себеси како се будите со мирисот на морето, сончевите зраци ве топлат додека пиете утринско кафе на терасата, а денот ви е исполнет со авантури, одмор и незаборавни моменти на фантастична локација. Хотелот е сместен на прва линија до плажа, совршено место за уживање во брегот на Коста Барселона! Само на чекор до песочната плажа и близу до Барселона за дневни екскурзии!

Хотелот располага со комфорни и удобни соби ппремени со сè што ви е потребно за удобен престој: приватен балкон, клима, ТВ, минибар, удобни кревети и прекрасен поглед кон морето или базенот. Голем базен, бар покрај базенот, анимации за деца и возрасни, како и опуштена атмосфера идеална за секој вкус. Уживајте во богатиот избор на вкусови во ресторанот со шведска маса, каде што ќе најдете разновидна локална и интернационална кујна. Без разлика дали патувате со семејството, саканата личност или пријателите, ALEGRIA Maripins 4**** е вистинскиот избор за вас!

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет

Хотел ALEGRIA El Mar 4 Sup, Санта Сузана

Хотел ALEGRIA El Mar 4 Sup е модерен и стилски хотел сместен во срцето на туристичката зона на Санта Сузана, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа, нудејќи идеална атмосфера за релаксација и уживање покрај Медитеранот.

Хотелот располага со светли и удобни соби опремени со приватен балкон, клима уред, телевизор и приватна бања, а гостите имаат пристап до Wi-Fi во заедничките простории. Секое утро се служи богат појадок на шведска маса, додека барот покрај базенот е совршено место за освежителни пијалоци и опуштени моменти. За дополнителна удобност и активен престој, хотелот нуди надворешен базен со тераса за сончање, фитнес центар, спа зона (со доплата) и различни забавни активности.

Неговата одлична локација, блискоста до плажата, ресторани, продавници и железничката станица Renfe го прават ALEGRIA El Mar 4 Sup одличен избор за совршен медитерански одмор.


Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет


Хотел Sun Village*, Лорет де Мар

Во хотелот ALEGRIA Sun Village се нуди совршена хотелска формула за целосно уживање во уникатното искуство во Љорет де Мар. , внимателно е дизајнирн секој детал за да вашиот престој биде незаборавен. Уживајте во удобноста на нашите модерни и комфорни соби, персонализираната услуга и внимателно уредените простории создадени за целосна релаксација и одмор.

Опуштете се покрај базените на лежалки, вкусете вкусни оброци во ресторанот и сончајте се на терасато со прекрасен поглед. Хотелот нуди и услуга за миленици, бар, како и бесплатен Wi-Fi со високa брзина низ целиот објект. Без разлика дали сакате да се релаксирате, да истражувате или едноставно да уживате во медитеранскиот стил на живот, ALEGRIA Sun Village нуди сè што ви е потребно за совршен одмор.

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет


ВO ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 7 ноќи во избран хотел на база полупансион
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
  • Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air


ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.