МАЛАГА ЗА ВЕЛИГДЕН / AНДАЛУЗИЈА НА ДЛАНКА

Авион / 6 дена / 5 ноќи

Малага – сончевиот бисер на Андалузија, град на уметност, историја и вистински медитерански шарм.

Малага претставува еден од најстарите градови во Европа, лоциран на прекрасното Коста дел Сол, каде што морето, културата и гастрономијата се спојуваат во совршена хармонија.

Овој жив град нуди уникатна комбинација на традиција и современ дух, со богато културно наследство и пријателска атмосфера што веднаш освојува.

Родниот град на Пабло Пикасо е дом на бројни музеи, уметнички галерии и историски споменици – од импресивната тврдина Алказаба и римскиот театар, до величествениот катедрален храм и модерниот Музеј на Пикасо. Прошетките низ старото градско јадро, полни со тесни улици, локални барови и шармантни плоштади, нудат вистинско уживање за сите сетила.

Малага е град на сонцето – со повеќе од 300 сончеви денови годишно и прекрасни плажи кои се протегаат по должината на брегот. Плажите Ла Малaгета и Педрегалехо се совршени за одмор и релаксација, а вечерите се исполнети со живот, музика и вкусна андалузиска храна.

Гастрономијата е вистинско доживување – од свежа морска храна и традиционални тапаси, до локално вино и ароматични јадења што ја одразуваат душата на Андалузија.

Со својата уметност, историја и морски дух, Малага е вистинска дестинација за оние кои сакаат да откријат повеќе од класичен одмор – град кој

секогаш нуди нови причини да му се вратите повторно.

ПРОГРАМА

08.04.2026 - Скопје - Тирана - Малага


Поаѓање околу пладне од Скопје со организиран превоз до Тирана. Директен лет од Тирана до Малага. Трансфер - аеродром - хотел во Торемолинос. 
Сместување во хотелот и појаснување на програмата за сите патници. Ноќевање
.

09.04.2026 – Торемолинос - Марбеља и Ронда (Факултативна - целодневна тура)


Цена на излетот: 85€

Поаѓаме утрото од Торемолинос кон Марбеља. 
Започнуваме со посета на Марбеља, едно од најпознатите медитерански летувалишта. Благодарение на својот идеален географски положај, пријатната клима и престижната репутација, Марбеља е еден од најпосетуваните градови на прочуената Коста дел Сол. Ќе прошетаме низ старата чаршија, прекрасните плоштади и модерната марина, каде што се чувствува духот на елегантниот медитерански живот. Патувањето продолжува кон Ронда – град кој се смета за едно од најголемите богатства на Андалузија, оддалечен околу 100 km од Малага. Градот е препознатлив по драматичната панорама и неговата уникатна локација над длабокиот кањон на реката El Tajo. Најимпресивниот симбол на Ронда е мостот Puente Nuevo, чија изградба започнала во 18 век и траела цели 42 години. Тој го поврзува стариот маварски дел од градот со поновиот дел – El Mercadillo.

Ќе ги видиме и најзначајните знаменитости на градот:

• арената за корида – една од најстарите во Шпанија

• најдобро зачуваните арапски бањи во регионот

• палатата Mondragón

• палатата на маварскиот крал

• старите градски капии и одбранбени ѕидини

• плоштадот Duquesa de Parcent, сметан за еден од најубавите плоштади во Ронда, каде што се наоѓа и црквата Santa María

По разгледот, следи враќање во хотел и слободна вечер.

10.04.2026 - Торемолинос - Севеља


Цена на излетот: 100€

Факултативна екскурзија – Севиља

Појадок. По заминувањето од Торемолинос се упатуваме кон Севиља, главниот град на Андалузија, сместен во плодната долина на реката Гвадалквир. Многумина ја сметаат Севиља за еден од најубавите европски градови – вистински музеј на отворено.

• Катедралата во Севиља – најголемата готска и средновековна катедрала во светот, изградена на местото на стара џамија по заминувањето на Маврите. Внатрешноста е богато украсена со злато и ремек-дела на изведбата. Во неа се наоѓа и гробницата на Кристофер Колумбо.

• Гиралда – најпознатиот симбол на градот

• Кралскиот Алказар – поранешна маварска палата, еден од најубавите примери на мудехар архитектурата

• Златната кула (Torre del Oro) – прочуената стражарска кула покрај реката

• Градската куќа и историскиот центар со неговите улички

• Парк Марија Луиза – најубавиот парк во Севиља, опкружен со музеји, палати и споменици

• Арена за корида од 19 век – една од најпознатите во Шпанија (панорама однадвор)

• Плоштад Шпанија - еден од најубавите и најпознати плоштади во Шпанија. Катедралата заедно со Гиралда од 1987 година се под заштита на УНЕСКО. По разгледот следи слободно време за индивидуални активности, прошетка или ручек. По договор, заминување и враќање во хотелот. Ноќевање.

11.04.2026 - Торемолинос - Гранада 


Цена на излетот: 85€+ долпата за влезница во Алхамбра 45€ (со вклучен локален водич од дворецот Алхамбра)


Појадок. Денот го посветуваме на Гранада, еден од највпечатливите и најромантични градови во Шпанија, познат како последната маварска престолнина и градот на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон.

Следува посета на мистичната и величествена Алхамбра – чиј назив на арапски значи „Црвената тврдина“. Ова архитектонско ремек-дело е вистинско чудо на исламската уметност и претставува еден од најпрестижните и најпосетувани историски комплекси на Пиринејскиот Полуостров.

Алхамбра е составена од:

• маварските палати со неверојатни детали и резби

• моќните тврдини и стражарски кули

• величествените Nasrid палати

• мирните дворови и фонтаните

• прекрасните Генералифе градини – оаза на мир и инспирација за поети, уметници и патници со векови.

Од 1984 година, целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.По разгледот – слободно време за прошетка низ Гранада или панорамско кафе со поглед кон Алхамбра. Враќање во хотел и ноќевање.

12.04.2026 - Торемолинос - Кордоба


Цена на излетот: 90€

Појадок. По заминувањето од хотелот се упатуваме кон Кордоба, град кој често го нарекуваат „осамениот бисер во срцето на Андалузија“. Сместен покрај реката Гвадалакивир, Кордоба е град што со векови инспирира поети, меѓу кои и Федерико Гарсија Лорка, благодарение на неговата тивка убавина и извонредна архитектура.

Започнуваме со разглед на најзначајните делови од градот:

• Стариот римски мост, симболичен влез во историското јадро.

• Еврејскиот кварт (Judería) – лавиринт од тесни, живописни улички исполнети со чаршиски дух и традиционална андалузиска архитектура.

• Џамијата–Катедрала Мескита, најголемото архитектонско богатство на Кордоба и едно од највеличествените верски објекти во светот. Нејзината шума од столбови, хармонија на исламската и христијанската уметност и уникатниот стил ја прават вистинско ремек-дело. Мескита е под заштита на УНЕСКО и претставува најпрепознатливиот симбол на градот.

По разгледот – слободно време за прошетка, фотографирање, кафе во старата чаршија или дегустација на локални специјалитети.

Враќање во хотел и ноќевање.

13.04.2026 - Торемолинос - Малага (Аеродром - Тирана) 


Цена на излетот: 40€

Појадок, одјавување од хотел и поаѓање кон Малага. 


Малага или престолнината на Коста дел Сол и родниот град на Пабло Пикасо.

Пристигнување и краток разглед на центарот, идеален за брзо запознавање со духот на овој живописен медитерански град.

Ќе ги видиме најважните знаменитости:

• Катедралата на Малага – позната по својот недовршен втор кулa

• Римскиот театар – сместен под мавританската тврдина

• Старата чаршија и пешачката зона Calle Larios – идеални за прошетка и кафе

Панорамски ќе ги погледнеме и мавританските тврдини Алкасаба и Гибралфаро, кои ја раскажуваат богатата историја на градот.

По убавиот разглед следи слободно време за прошетка, фотографирање или уживање покрај морето со многу препораки за локални специјалитети, уживање во уникатни кафулиња на прекрасни локации.

Потоа трансфер кон аеродромот во Малага и подготвување за повратниот лет кон Тирана и трансфер до Скопје.

Вкупна цена на екскурзии = 445€

Уплата за пакет за сите екскурзии според програмата = 355€

НАПОМЕНА:

Аранжманот е СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Резервацијата стапува во сила по уплата на аванс од 30% од вкупната цена. Целосната доплата мора да биде извршена најдоцна 15 дена пред поаѓање.

Распоредот на активности, временските термини и редоследот на разгледите може да се менуваат во зависност од локални услови, временски прилики, работно време на институциите или други непредвидени околности.

Факултативните излети се реализираат со минимум 20 пријавени учесници. Во случај на помал број, цената може да биде изменета или излетот да не се реализира.

Организаторот го задржува правото да изврши промена во цените на факултативите само доколку дојде до промени на влезниците, транспорт или други надворешни трошоци со задолжителна претходна најава кон патниците.

Патниците се должни да поседуваат важечки патни документи согласно правилата на земјите низ кои се патува.

Организаторот не сноси одговорност за можни задржувања на гранични премини, промени во авионски распореди, штрајкови, технички проблеми или други фактори кои се надвор од негово влијание.

Препорачуваме патниците да имаат патничко осигурување, соодветно за времетраење и содржина на патувањето.